Цените на нафтата растат поради тензиите во Европа и на Блискиот Исток
– Цените на нафтата на светските берзи денеска пораснаа поради загриженоста за снабдувањето во услови на зголемени тензии во Источна Европа и Блискиот Исток.
Меѓународните референтни цени на суровата нафта „брент“ се зголемија за 0,91 отсто на 86,21 долари за барел.
Американската референтна вредност, позната како ВТИ (West Texas Intermediate-WTI), беше на 83,92 долари за барел, што е раст од 0,73 отсто.
НАТО вчера соопшти дека испратил повеќе бродови и борбени авиони во Источна Европа за да ја зајакне подготвеноста и одбраната во регионот додека Русија „ја зголемува својата воена сила во и околу Украина“.
Во меѓувреме, на Блискиот исток, јеменското движење Хуси вчера изврши ракетен напад врз Обединетите Арапски Емирати, загрозувајќи го сигурното снабдување со нафта од регионот.
Со зголемувањето на геополитичките ризици во овие области, глобалните пазари се позагрижени за безбедноста на снабдувањето што резултира со забрзано купување. Експертите велат дека натамошниот пораст на тензиите се очекува да доведе до нов раст на цената на нафтата.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена