Центар за култура-Куманово: Академски скулптори може да учествуваат на изложбата „Скулптури на новото време"

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово упати јавен повик до академските скулптори да учествуваат со свои дела на изложбата „Скулптури на новото време“.
На изложбата можат да учествуваат сите академски скулптори кои живеат и работат на територијата на Република Македонија, со три скулптури. Изложбата, соопшти директорот на установата, Роберт Цветковски ќе се одржи идниот месец.
Темата е слободна како и изборот на техниката и материјалот. Авторот има обврска со приложените скулптури да достави и своја фотографија и биографски податоци кои би се отпечатиле во каталогот посветен на оваа изложба. Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до 30 јуни.
- Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ја организира биеналната изложба на скулптури од 1998 година и досега одржани се десет изложби. На изложбите се презентирале уметници од повеќе генерации од целата држава. Освен во Куманово единаесеттата изложба на склуптури ќе биде презентирана и во други градови од државата, изјави Цветковски.
Проектот е подржан од Министерството за култура на Република Македонија, а организатор и координатор на сите активности поврзани со изложбата е Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” - Куманово. По завршувањето изложбaта скулптурите ќе бидат вратени на авторите.
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
