Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска

Шведската централно-левичарска опозиција го победи владејачкиот десничарски блок со најтесна можна разлика, соопшти вечерва јавниот радиодифузен сервис (СВТ) по преброени 99 проценти од гласовите од парламентарните избори што се одржаа на 13 септември.
Разликата помеѓу два блока е 26.169 гласови. Коалицијата предводена од лидерката на социјалдемократите, Магдалена Андерсон, освои 175 мандати во парламентот, кој има 349 места.
Веројатноста за пресврт во оваа фаза е толку мала што можеме со сигурност да кажеме дека опозицијата ќе обезбеди најмногу места на овие избори, јави СВТ.
Шведската изборна комисија соопшти дека десничарскиот владејачки блок на премиерот Улф Кристерсон, кој ги вклучува крајно десничарските Шведски демократи, е на добар пат да освои 174 места.
Останува уште да се пребројат задоцните гласачки ливчиња од земјата и од странство, а се очекува сите гласови да бидат обработени до утре.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
