Чантата, во којашто Армстронг донесе месечеви камења, оди на аукција
Чантата во којашто американскиот астронаут Нил Армстронг на Земјата донесе месечеви камења, ќе биде ставена на продажба на 20 јули во аукциската куќа „Сотбис“.
Организаторите на наддавањето очекуваат чантата да се продаде за два до четири милиони долари. Во неа се уште се наоѓаат мали камчиња и месечев прав, соопштуваат од аукциската куќа.
Сите предмети сврзани со „одењето на луѓе на Месечината“, се чуваат во американски национални фондови, а таа чанта е само дел од нив, стои натаму во соопштението.
Таа и претходно беше ставена на аукција, во 2014 на пример, но тогаш никој не беше заинтересиран да ја купи. Сегашниот сопственик за неа претходно платил едвај 995 долари, пред НАСА да ја потврди автентичноста на тој предмет. Тоа пак, автоматски, значеше поддигање на неговата вредност и цена.
Актуелниот сопственик изјави дека дел од сумата што ќе ја добие од продажбата, ќе одат за добротворни цели.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровски езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид