Живот
23. January 2017 - 13:18

Чаша што не дозволува пијалакот да ни ги обои забите

Чашите од новиот бренд „Вајно Сиперс“ ни овозможуваат да уживаме во црвено и црно вино, без тоа да ни ги обои забите, пренесува весникот „Метро"

Новиот пронајдок е некаков спој помеѓу чаша и луле, и е конструиран така што цевката што излегува од дното, ја носи течноста преку јазикот директно до грлото, без да ги допре забите.

На дното на чашата има и две сталки, кои никако нема да дозволат таа да падне.

Комплет од чаши чини 24 долари и може да се нарача на интернет страницата на компанијата која ги произведува.