-->
-->
Чавков: Евидентна е спрегата на одредени политички структури со класични криминални здруженија
-->

Во врска со акцијата на МВР за печатење на фалсификувани лични карти и Чаушот, заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков истакна дека се работи за класична криминална организација, здружение кое има широк географски опсег на криминалните активности.
Тој посочи дека и овој пат се потврдува дека е евидентна спрегата на одредени политички структури со класични криминални здруженија.
-Уште пред година и пол дена кога беше лансирана информацијата дека МВР наводно печатело фалсификувани патни исправи, се подготвуваше атмосфера за дискредитација на системот на МВР. Но професионалните структури во рамките на МВР работеа макотрпно и сега овој случај е во судски процес за кој мислам дека е доста напредна фаза. Мислам дека наскоро ќе има проширување на активностите во врска со овие криминални активности и по мое длабоко убедување ќе добие судски расплет бидејќи има апсолутни цврсти докази, рече Чавков
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд