Чавков на Годишна прегледна конференција за соработка во областа на гранична безбедност во ЈИЕ во Јахорина

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска и утре учествува на 11. Годишна прегледна конференција за соработка во областа на гранична безбедност во Југоисточна Европа која се одржува во Јахорина, Босна и Херцеговина.
На конференцијата, соопшти Министерството за внатрешни работи, присуствуваат и министри за внатрешни работи на земјите од Југоисточна Европа, како и високи претставници на Фронтекс и Европол.
Се очекува, министерот Чавков во текот на утрешниот ден да претседава на панелот посветен на „Регионална соработка во областа на гранична безбедност: научени лекции и соочување со нови предизвици“.
Инаку, денеска на маргините на конференцијата министерот Чавков оствари билатерални средби со Боштјан Шефиќ, државен секретар при Министерство за внатрешни работи на Словенија, Драган Мектиќ, министер за безбедност на Босна и Херцеговина, а ќе се сретне и со Елона Ѓебреа, заменик - министер за внатрешни работи на Албанија.
Ново на Сител
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
