Чавушоглу: ЕУ е нецелосна без Турција
Турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу, денеска ја повика ЕУ да го обнови процесот на преговори за приклучување на Турција, истакнувајќи дека Европската Унија ќе остане „нецелосна“ додека Анкара не се приклучи кон неа, пренесоа француските медиуми.
Во говорот на годишната конференција на турски амбасадори, во Анкара, Чавушоглу ја повика ЕУ да отвори нови поглавја во преговорите со Турција, „и да ги укине вештачките пречки за приклучувањето на земјата“.
Тој уште истакна дека Турција очекува итно воведување на визна либерализација, која на турските граѓани ќе им даде можност слободно да патуваат низ Шенген просторот.
-Ние игравме важна улога во минатото на Европа и тоа ќе го правиме и во иднина. Една Европа без Турција е нецелосна, посочи тој.
Односите меѓу ЕУ и Анкара се затегнати по обидот за преврат во Турција во јули минатата година и по репресиите врз турските граѓани што потоа следеа.
ЕУ смета дека Турција се уште не ги исполнила сите критериуми за укинување на визите за нејзините граѓани при патувањата во Шенгенскиот простор, додека спогодбата за миграцијата меѓу ЕУ и Турција, што беше склучена во март минатата година, предвидуваше забрзување на процесот на визна либерализација, забележуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Меси ќе може да се врати на терените во септември
-
Антониу: Кипарскиот тим од Северна Македонија си замина со позитивни чувства
-
Пуштени во оптек новите монети од една фунта со ликот на британскиот крал
-
Судскиот процес за масакрот кај Младеновац започнува денеска во Белград
-
Македонските кајакари задоволни од настапот на Светското првенство во Шпанија
-
Синер избегна дисквалификација по два позитивни теста за анаболни стероиди
-
Салах најверојатно ќе го напушти Ливерпул како слободен агент во 2025 година
-
Манџукиќ се повлекува од хрватскиот национален тим