Чавушоглу: ЕУ ја понижува Турција

Турскиот министер за надорешни работи Мевлут Чавушоглу ја обвини Европската унија дека ја понижува Турција и повторно го услови исполнувањето на договорот меѓу Турција и ЕУ за миграција со визната либерализација за турските државјани, јави БТА.
Во интервју за германскиот весник „Билд“, што беше објавено денеска, првиот турски дипломат нагласи дека Турците се трауматизирани по обидот за преврат од 15 јули, а Европејците ја понижуваат Турција, наместо да и помогнат.
Тој изрази жалење за замрзнувањето на преговорите за пристапувањето на Турција кон ЕУ и укинувањето на визите за турските државјани.
Според Чавушоглу, Анкара вложила напори, како што многу малку од останатите земји ги вложиле за да ги исполнат условите за влез во ЕУ, но за возврат од Унијата добива само закани, навреди и целосна блокада.
-Се прашувам каков престап сме направиле? Зошто е ова непријателство?, праша турскиот министер за надворешни работи, кој минатата недела ја обвини ЕУ дека ги заострува антиевропските чувства во Турција.
„Јасно е, или ќе ги спроведуваме задно сите договори, или ќе се откажеме од нив“, одговори Чавушоглу за германскиот весник на прашањето дали Турција ќе дозволи одново стотици илјади лица да тргнат по морето кон Европа.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
