Чавушоглу: По истекот на рокот за повлекување Турција ќе го напаѓа секој курдски борец

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека турската војска ќе го нападне секој курдски борец кој ќе остане во пограничната област на североистокот од Сирија, по истекот на рокот за повлекување.
Чавушоглу пред новинарите кажа дека официјалните претставници на Русија и Сирија доставиле информација дека некои курдски борци се повлекле од областа долж сириско-турската граница, но дека други се уште биле таму.
Повлекувањето на Курдите од оваа област е дел од спогодбата која ја постигнаа претседателите Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин, минатиот вторник во Сочи.
Според договорот, по повлекувањето на курдските борци Турција и Русија ќе имаат заеднички патроли долж границата. Турција ќе ја задржи контролата врз областите што ги зазеде со офанзивата, додека турските, руските и силите на сириската Влада ќе имаат контрола врз остатокот од пограничниот дел на сириската територија.
Ново на Сител
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
