-->
-->
Чавушоглу: Турција и Русија разгледуваат можности за прекин на огнот во Сирија
-->
Турција и Русија разгледуваат прашања кои се поврзани со перспективите за прекин на огнот во Сирија, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на прес-конференција во Анкара.
- Ги поддржавме претходните договори меѓу Русија и САД за прекин на огнот. За жал примирјето не беше целосно реализирано. По нормализирање на односите со Москва ги разгледавме тие прашања и со Русија. Подготвени сме за соработка со Москва во врска со примирјето, истакна шефот на турската дипломатија.
Чавушоглу нагласи и дека вчера разговарал со иранскиот колега Мохамад Џавад Зариф за прашања поврзани со прекинот на огнот во Сирија и начинот на кој тоа може да се постигне.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија