Чешка ги зголемува безбедносните мерки поради нападот во Берлин
Во врска со синоќешниот напад во во Берлин, чешката полиција ги зајакнува безбедносните мерки на местата со висока концентрација на луѓе, јави дописникот на МИА од Прага.
Министерот за надворешни работи Милан Хованец, изјави дека најдоцна до денеска наутро на чешките улици ќе бидат распоредени полицајци со автоматско оружје.
Тој, не конкретизираше дали постои можност за зголемување на степенот на опасност од тероризам и не ја исклучи можноста во заштитата на безбедноста да се вклучи и Армијата.
- Распоредувањето на војската се применува само во случај ако се зголеми загрозувањето на Чешка од терористичка закана, рече Хованец, додавајќи дека засега нема причина да се зајакнат патроли на чешко-германската граница.
Синоќа, во централната област на Берлин, Шарлотенбург, камион се втурнал во посетителите на Божиќниот пазар при што најмалку 12 загинаа, а 48 се повредени.
Ново на Сител
-
ЈО: Психотропни супстанции пронајдени во стан во Скопје, поведена истрага
-
Судскиот совет попладне ќе ја одржи 498 седница
-
На Попова Шапка најниска температура и најмногу дожд
-
Влада: Oбезбедуваме по 11 илјади денари К15 за над 84 илјади вработени во администрација
-
Дождот ги изгасна сите пожари на отворено
-
Измените на Законот за локална самоуправа утре на собраниска седница
-
Масовен украински напад со беспилотни летала врз Русија - Една жена загина, повредени 3 лица
-
Гутереш во својот седумгодишен мандат не видел толку смрт и уништување како во Газа