Честитка од Бајден, НАТО и КФОР по повод 110-годишнината од независноста на Албанија
Американскиот претседател Џо Бајден упати честитка до албанскиот претседател Бајрам Бегај по повод 110- годишнината од независноста на Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана.
„Оваа година се одбележуваат 100 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите земји – партнерство кое го унапреди билатералниот просперитет, помогна да се одржи регионалната стабилност и ја зајакна глобалната безбедност. Како сојузници на НАТО, нашите земји исто така соработуваа за да ја одржат Алијансата силна и одлучна“, пишува Бајден.
„Соочени со неправедната и неиспровоцирана војна на Русија против Украина работевме заедно во Советот за безбедност на Обединетите нации за да го поддржиме украинскиот народ, сметајќи ја Русија одговорна за агресијата“, додава Бајден.
Тој оценува дека Албанија продолжува да биде хуманитарен лидер, обезбедувајќи привремено засолниште за Авганистанците и другите ранливи групи.
„САД ќе продолжат да ја поддржуваат Албанија на нејзиниот пат кон членство во Европската унија. Како што го започнуваме следниот век од нашите билатерални односи, со нетрпение очекувам уште повеќе да го продлабочиме нашето партнерство, вклучително и борбата против корупцијата и организираниот криминал, зајакнувањето на енергетската безбедност низ Европа и зајакнувањето на соработката за кибер-безбедноста“, порачува Бајден во честитката.
Независноста на Албанија и ја честиташе и НАТО алијансата.
– Придружете ни се во прославата на нашиот сојузник Албанија на Денот на нивната независност, стои во честитката на НАТО.
Честитка за 110-годишнината од прогласувањето на Албанија за независна и суверена држава пристигна и од КФОР.
– Честит Денот на независноста на Албанија, нашиот сојузник и пријател. Албанија е членка на НАТО од 2009 година и придонесува со повеќе од 50 војници во мисијата КФОР, се вели во честитката.
Претходно честитка упати и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Ново на Сител
-
Позитивни финансиски резултати на Алкалоид
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина