Честитка од Божиновска до МПЦ по повод „Свети Кирил и Методиј“
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи Валентина Божиновска денеска упати честитка до МПЦ и архиепископот Охридски - Македонски г.г. Стефан по повод Денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј.
- Ова е ден кога се потсетуваме на големината на Браќата Свети Кирил и Методиј, се потсетуваме дека сме нивни горди наследници и дека ние сме тие кои го продолжуваме нивното завештание да вложуваме во сопственото образавание, но и да ја продолжиме нивната света мисија-ширењето на писменоста. Заложбите на светите браќа Кирил и Методиј се воедно и потврда за македонскиот јазик, за македонската литература и култура, црква и традиција, револуција и историја, за македонското име и идентитет. Нивното дело за промоција на правото на богослужба на националните јазици на народите, стана светол пример за многу народи, исцртувајќи ја културната и верската карта на целиот свет, наведува Божиновска.
На прашањето што треба да направиме за јазикот во време на слобода и демократија, во постојна држава, во време на големи предизвици, одговорот, според Божиновска, треба да биде едноставен. -Само да го чуваме, негуваме и почитуваме, бидејќи со тоа ја вреднуваме нашата култура и традиција, нашата историја и меморија, го воздигнуваме нашето име и идентитет, одавајќи им на тој начин достојна почит за животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, подвлекува директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи Валентина Божиновска.
Ново на Сител
-
Без вода дел од ул. „Васил Стефановски“, без струја делови од неколку скопски општини
-
Либанската телевизија ЛБЦИ јави дека Калед Машал е именуван за в.д. лидер на Хамас
-
Кој беше лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој беше ликвидиран од страна на израелската војска?
-
Лига на шампиони: Висок пораз на Еурофарм Пелистер од Висла Плоцк
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО