Македонија
24. May 2022 - 10:21

Честитка од Џафери по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери упати честитка по повод денешниот празник – 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, искажувајќи верба дека дека и патот на нашата земја ќе биде светол како што е и нивното дело.

-Оддавањето достојна почит кон нивниот лик и дело како основоположници на словенската книжевност и писменост е должност и задоволство за секој што ја знае важноста и неопходноста од описменувањето на секој поединец и заедница. Тоа е влог во градењето на здраво општество, напредна држава и сигурна иднина за идните поколенија. Во ова време кога секојдневно се соочуваме со предизвици кои влијаат врз редовноста и квалитетот на образовниот процес, треба да ја имаме пред себе големата слика и јасната визија за тоа каде сакаме и како сакаме да стигнеме до крајната цел, односно со посветен труд и безрезервен ангажман на сите кои се дел од образовниот процес, учениците, просветните работници, образовните институции и се разбира, законодавците. Да создадеме поволни услови и мотивација за секој да го даде најдоброто од себе за најдоброто од сите нас, за иднината на нашата младина и напредокот на Република Северна Македонија, пишува Џафери во честитката