Честитка од Џафери по повод католички Велигден

Премиерот Талат Џафери, во име на Владата и во свое име упати телеграма со честитки до Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, до свештенството и монаштвото на Католичката црква во Република Македонија, до граѓаните од католичка вероисповед и до сите граѓани кои денеска го празнуваат Воскресението Христово – Велигден.
-Велигден ја слави победата на животот над смртта. Како и сите големи празници, и Велигден е извор на духовна сила на луѓето за надминување на предизвиците кои ги носи животот со трпение и мудрост. Тоа е и мотив за вербата дека личното добро и благосостојбата се можни само како дел од заедничкото добро и благосостојба. Убеден сум дека празничниот дух Ве охрабрува и Вас во Вашата благородна мисија на водење на припадниците на католичката вероисповед во секој нивни чекор по исправниот пат на меѓусебно почитување и разбирање, по којшто, уверен сум дека заедно продолжуваме и во иднина, стои во честитката.
Во честиката се нагласува и важноста на мирот просперитетот и солидарноста меѓу граѓаните.
-Монсињор Стојанов, лично, Ви посакувам добро здравје, спокој и среќа меѓу блиските, а на општествено ниво, мудрост, волја и енергија за ширење на пораки на мир, просперитет и солидарност меѓу нашите граѓани, во нашата држава, но и насекаде во светот. Имајте празнични денови во мир и благодат, честит Велигден!“, напиша премиерот Џафери, во честитката до бискупот Киро Стојанов.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со дожд и ветер од северен правец
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
