Честитка од Иванов по повод Денот на наставата на турски јазик – 21 Декември
Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 Декември, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.
- Можноста за образование на мајчин јазик е суштинска демократска вредност која придонесува за развој на културниот плурализам во една земја. Правото да се говори и твори на сопствениот мајчин јазик е едно од најзначајните човекови права, преку кои се создава, чува и промовира сопствениот и идентитетот на етничката заедница. Во Република Македонија внимателно се негува долгата традиција на соживот и на заедништво, и ние можеме со право да се гордееме со достигнувањата и постигнувањата на сите етнички заедници кои се дел од нашето мултиетничко општество. Припадниците на турската заедница во Република Македонија активно придонесуваат за развојот и за напредокот на нашата држава. Изразувајќи благодарност за вашите досегашни заложби, Ве повикувам и во иднина, заедно, сплотени и единствени да продолжиме во градењето подобра и просперитетна Република Македонија, стои во честитката од претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка
-
Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ
-
Дефиле под маски
-
Шеќеринска: Патувањето кон членство во алијансата не е секогаш едноставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија под снег