Честитка од КОВЗ по повод празникот Свети Климент Охридски

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи упати честитка по повод пазникот Свети Климент Охридски до членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, како и до сите православни верници во земјата и во странство.
- Големото дело на свети Климент Охридски, основоположникот на Охридската книжевна школа и творецот на кирилицата, кое и денес го празнува Македонската православна црква, сведочи за огромниот влог во писменоста и духовноста што овој епископ ги даде на многу народи ширум светот. Затоа, со неизмерната сила и моќ што ни ја дарува свети Климент, да упатиме една силна порака за почитта, доброто и разбирањето помеѓу сите народи, истакнувајќи дека Македонија е голем светилник во големото европско духовно семејство, стои во честитката.
Во неа од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни посакуваат добро здравје, мир и спокоен живот.
Ново на Сител
-

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија
-

Ја претепал сопругата, па и се заканил со палење на куќата - ОЈО бара притвор
-

Мицкоски: До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната
-

Работник ги нападнал газдите со нож поради неисплатени дневници
-

Рубио: Иран моли за договор
-

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето
-

Утре пороен дожд, грмежи и ветер
-

Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка
