Честитка од министерот Јолевски по повод Велигден

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до припадниците на АРМ, вработените во Министерството за одбрана и сите граѓани на Република Македонија од христијанска вероисповед.
- Големиот празник, Воскресение Христово – Велигден, ги истакнува највозвишените човекови вредности, љубов, мир, меѓусебното почитување, разбирање и помагање. Наша должност е да ги негуваме овие вредности. Христос нè учи љубовта да нè води во нашиот живот. Љубовта кон Бога, кон нашата татковина, кон нашите блиски, соседи и правењето добри дела носат благодет, просперитет и спокојство во нашите души. Да си правиме добро еден на друг, да си помагаме и да се почитуваме, се наведува во честитката од Јолевски.
И овогодишните велигденски празници, како што вели министерот Јолевски, да ги прославиме во духот на Христовото учење, со љубов, слога и заедништво, правејќи го најдоброто за нас и за нашите поколенија, како вистински христијани и горди Македонци. - Гордост е да потекнуваш од Библиска земја како Македонија и сигурен сум дека со божјата воља и љубов ние ќе одиме напред, кон просперитет, кон подобар живот, кон посилна Македонија. Нека Вашите домови бидат исполнети со љубов, радост, бериќет и спокој, пишува Јолевски во честитката.
Ново на Сител
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
-

Нема простор за паника, но има потреба од внимателност по одложувањето на вакцинацијата со БСЖ
-

Преглед на вестите од светот
