Честитка од премиерот Заев по повод Рамазан Бајрам
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат празникот.
- Го честитам големиот празник Рамазан Бајрам на Вас, на членовите на Исламската верска заедница и на ситеграѓани што го чествуваат празникот, во име на Владата на Република Македонија и во мое име. Светите празници, како што е Рамазан Бајрам носат голема духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност. Ова се вредностите што водат кон спокоен и среќен живот. А човекот може да биде вистински спокоен и среќен, ако живее во општество на спокојни и среќни луѓе.
Затоа почитувани сограѓани, да продолжиме заедно по патот што го избравме, здружено и единствени. Почнавме даградиме едно заеднично општество за сите граѓани, со еднакви шанси за секој и знам дека заедно ќе успееме да обезбедиме квалитетен живот за сите нас. Бидете чесни и одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата. Нашата заедничка иднина е во економски напредна и просперитетна Македонија, во неа заедно вложуваме и заедно ќе успееме. Честит Рамазан Бајрам почитувани сограѓани!“, пишуваа премиерот Заев во честитката за празникот.
Ново на Сител
-
Џонсон одби да признае дека Трамп ги загубил изборите во 2020
-
Израел им оддава почит на жртвите од нападот на 7 октомври
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со умерена облачност, до 27 степени
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор