Честитка од претседателот Иванов до христијанските верници кои прославуваат Велигден
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот
- Празнувајќи го големиот празник - Велигден, ја славиме победата над смртта и триумфот на љубовта и надежта. Христовата жртва е завет за генерациите кои ја продолжуваат пораката за соживот и слога, за разбирање и мир. Христовото воскресение нè учи дека вербата и надежта нè прават човечни. Затоа, да останеме и понатаму обединети во духот на промовирањето на вистинските вредности кои ќе придонесат во зацврстувањето на меѓусебната доверба и почит, како основа за просперитетна иднина на нашата земја, стои во честитката од претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Муцунски со бројни билатерални средби на маргините на Анталија Дипломатскиот форум
-
Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија
-
Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада
-
АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден
-
Посебен режим на сообраќај денес околу бул. „Илинден“
-
Вучиќ: Обоената револуција е завршена, наведе пет барања
-
Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“
-
Денеска е Цветници