Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам лично и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на исламската вероисповед им го честита големиот верски празник Курбан Бајрам.
На сите што го празнувате овој голем празник, вели тој во честитката, ви посакувам многу здравје, среќа и нека празничните мигови ви поминат во спокој, љубов и радост со најблиските. Курбан Бајрам, се додава, да го поминете во духот на дарежливоста, помагањето и споделувањето на оние кои им е потребна помош истакнувајќи ја човечката хуманост и грижливост во овие прaзнични денови. Овој голем празник, се подвлекува во честитката упатена од Мицкоски, е потсетник на човечкото постоење, како и на големото значење на меѓусебната доверба, разбирање и толеранција како суштински услови за соживот и мир.
- Затоа ве повикувам сите заедно да започнеме, надминувајќи ги заеднички сите проблеми, да ја градиме Македонија врз европски вредности и принципи. Дојде време заеднички да изградиме поцврсти темели за подобар животен стандард за секој еден граѓанин без разлика на неговата етничка или верска припадност, темели за развој и просперитет на нашата држава. Сите обединети сплотени да изградиме држава каде што ќе има хармонија и напредок, економски просперитетна Македонија, стои во честитката упатена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам.
Ново на Сител
-
Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа
-
Струјата во Турција од 1 јули ќе се зголеми за 38 отсто
-
Приведен крадец баран со потерница
-
ИНСТАТ: Во Албанија живеат 2.281 Македонец, 7957 се попишани како Бугари
-
Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата
-
Се испуштаат агресивни кучиња во Битола, општината побара помош од МВР и АХВ
-
Викендов сончево и топло, од вторник услови за невреме
-
Македонска влада за Мицотакис: Не е точно дека го прекршуваме договорот Преспа, Брисел да не оценува по реформите