Честитка од претседателот Пендаровски по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука
Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Северна Македонија.
-Пред 115 години, токму во нашата Битола, се случи унифицирањето на албанската азбука како клучен чекор за кодификацијата на албанскиот јазик, што е несомнено еден од најзначајните стожери на културниот и духовниот идентитет на Албанците, посочува Пендаровски во честитката.
Претседателот истакнува дека на почетокот на 20 век во тогашната Отоманска Империја највидните албански интелектуалци од целиот свет се собраа на конгрес којшто ќе резултира со историската одлука за усвојување на албанската азбука.
- Плодовите од овој круцијален политички и културен чин ги уживаат сите Албанци каде и да се. Ние сме горди што денес албанската заедница е нераскинлив дел од мултикултурна и мултиетничка Република Северна Македонија. Испраќајќи најискрени желби празникот да го поминете во мир, здравје, радост и благосостојба, посакувам уште еднаш да ги потврдиме заедничките уверувања за солидарност и за рамноправност, како клучни за просперитетот на нашата заедничка татковина, стои во честитката на претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени