Честитка од словачкиот премиер Фицо до премиерот Заев по повод Денот на независноста
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска прими телеграма со честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември, од премиерот на Република Словачка, Роберт Фицо.
- Дозволете ми во мое, и во име на Владата на Република Словачка да ви го честитам големиот празник на вашата земја. Мој личен интерес, и во интерес на Владата на мојата земја, е да ги зајакнуваме и понатаму нашите пријателски односи и заедничката соработка меѓу Република Македонија и Република Словачка. Посебно внимание во иднина сакаме да посветиме на нашата економска соработка, се вели во честитката по повод празникот.
Премиерот Фицо во честитката до премиерот Заев наведува дека Република Словачка е подготвена целосно да го понуди своето искуство и асистенција во однос на аспирациите на Република Македонија за членство во Европската унија, информираат од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот