Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до Српската заедница во Македонија по повод Свети Сава
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод празникот Свети Сава упати честитка до претставниците на српската заедница во Република Македонија.
- Дозволете ми во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да Ве поздравам и да Ви го честитам 27 Јануари, празникот посветен на Свети Сава. Тој е дел од плејада на свети личности, мислители и дејци кои со својата неуморна просветителска и црковна дејност им оставиле силни универзални вредности на балканските христијански народи. Ако во Република Македонија тоа се Свети Кирил и Методиј, во Србија и помеѓу српскиот народ тоа е Свети Сава, првиот српски архиепископ и деец кој оставил траен белег во негувањето и ширењето на христијанска мисла на Балканот. Од овие причини, но и од почит кон српскиот народ, овој ден веќе деветта година по ред го одбележуваме како празник на српската заедница во Република Македонија, наведува Груевски во честитката.
Ваквите празници, се наведува во честитката, се исклучително важни и значајни. Преку нив го негуваме меѓусебното почитување, учиме еден за друг и живееме еден со друг. Македонскиот и српскиот народ отсекогаш имале блиски релации и многу нешта кои ги поврзуваат. Таквата поврзаност нè собирала на заеднички прослави во минатото, нè собира на заеднички прослави и денес. Уверен сум дека таквиот однос ќе продолжи и во иднина. Воедно, уверен сум дека заедно ќе продолжиме да работиме за силен економски подем, подобрување на стандардот и животот на нашите граѓани, перспективна и напредна Република Македонија.
Во честитката посакува добро празнично расположение, убава домашна атмосфера, среќна слава и многу здравје, среќа и успех во новата 2016 година.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување