Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Меѓународниот ден на Ромите
ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската етничка заедница, им го честита Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април.
Ромската заедница претставува важен сегмент во градење на соживот и меѓусебно почитување во нашата држава. Обезбедување на квалитетен живот, подигање на животниот стандард за сите граѓани, подобра иднина и развој на економијата се приоритет за кои се залага ВМРО-ДПМНЕ.
Ромската заедница, култура, традиција и обичаи се дел од нашата заедничка сегашност. До сега сме докажале дека како партија работи во интерес на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или политичка определба.
Во таа насока ќе продолжиме и во иднина да се залагаме за целосна инклузија на Ромите во општеството, да работиме за унапредување на нивните права, почитување на принципот за еднаквост, солидарност и недискриминација.
Воедно во овие моменти кога државата и граѓаните се соочуваат со девастација на секое поле, потребно е да дејствуваме сплотено, посветено се со цел обезбедување на подобра иднина на сегашните и идните генерации.
ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската заедница им посакува успех и благосостојба.
Нека Ви е честит 8-ми Април – Меѓународниот ден на Ромите!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени