Четири гранта за реализација на проекти преку Ромактед програмата во Делчево
Во рамки на Ромактед програмата до крајот на 2024 година во Делчево финансиски ќе бидат поддржани четири гранта. Најголем дел од средствата ќе бидат наменети за реконструкција на три училници во подрачното училиште во село Тработивиште.
-Вредноста на проектите кои ќе се реализираат преку Програмата која ќе се спроведува на територијата на Општина Делчево до крајот на 2024 година изнесува околу 19.000 евра. Дел од средствата се наменети и за докомплетирање на формално средно образование кај три лица возрасни Роми и нивно вработување во локални фирми, информираа од општина Делчево.
Предвидено е и спроведување туторска настава по македонски јазик и математика за 30 ученици Роми во основното образование кои покажуваат низок образовен успех.
-Ќе биде изготвена и стратегија и акциски план за Општина Делчево за раководење со ризици и природни непогоди, со цел овозможување стратешки систем за менаџирање на евентуални и слични ситуации како КОВИД 19 и ублажување на последиците кон загрозените групи на граѓани меѓу кои и Ромите, велат од Општината.
Во рамките на спроведувањето на Ромактед Програмата во наредниот период ќе се изработат и клучни документи, кои се однесуваат за ромската етничка заедница согласно со Националата Стратегија за инклузија на Ромите во РСМ 2022-2030 година, локални акциски планови во областите на домување, вработување, образование, здравство и антидискриминација кои, како и претходните години се усвојуваат од страна на Советот на Општина Делчево.
Програмата РОМАКТЕД II „Промовирање добро управување и зајканување на Ромите на локално ниво“ е финансиски поддржана од Советот на Европа и ЕУ, чиј потписник преку Меморандум за разбирање е и Општина Делчево.
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата