Четири компании наградени за најуспешни претприемачи во 2016

Четири компании добија награди за најуспешни претприемачи за 2016 година, на синоќешното јубилејно 10. издание на престижната манифестација „Претприемач на годината“.
Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Деан Бадаревски од „Софа студио“ - Скопје, а втората награда на Васко Брдаровски од „Евросуровина ПА“ - Битола.
Првонаграден во категоријата на микро претпријатија е Хашим Хасани од „Хотел Скардус“ – Тетово, а втората награда ја доби Биљана Кукловски од „Чоко авијаторс“ - Скопје.
Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината – 2016“ е направена врз основа на податоците од Централниот регистар на РМ. Педесет и шест микро и мали претпријатија, во периодот од 2013 до 2015 година, имаат реализирано раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции.
- Во услови на двегодишна политичка неизвеснот, надворешни влијанија на мигрантската криза, како и потешкотиите во економиите на соседните земји, многу е важно да ги поздравиме компаниите кои три години по ред континуирано бележат раст со што успеаја да влезат во категоријата на најдобри мали и микро претпријатија, изјави на доделувањето на наградите претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска.
Главни организатори на „Претприемач на годината 2016“ се Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Стопанската комора на северозападна Македонија. Коорганизатор е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Институционален покровител е Министерството за економија на Република Македонија.
На манифестацијата „Претприемач на годината“ во изминатите десет години се наградени 40 претприемачи, а Министерството за економија додели вкупно шест специјални награди. Идејата на организаторите е да се поттикне претприемачкиот дух, преку промоција на успешни примери.
Ново на Сител
-

Андоновски: Во 2027 година очекуваме камен-темелник за националниот дата центар
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
