Четири лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетници
Вчера до скопската полиција стигнале неколку пријави за каснувања од улични кучиња. Меѓу нападнатите и малолетено дете.
На 13.03.2025 во 15.05 часот во Полициската станица Центар, В.С.(60) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 13.03.2025 во 11.00 часот во Полициската станица Драчево, Д.М.(35) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 13.03.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Драчево, М.К.(29) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 13.03.2025 во 20.10 часот во Полициското одделение Петровец, Н.С.Ј.(31) од с.Петровец пријавила дека на ул.„1“ во с.Петровец, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар