Четири лица од едно семејство починаa од Ковид-19 за една седмица во Тетово, се заразиле на свадба
Четири члена од исто семејство починале во ковид центарот во тетовската болница, објави Слободен печат.
- Сега е пандемија. Насекаде треба да има аларм за негрупирање и дистанца. Кај нас тие мерки не се почитуваат и за жал имаме многу голем број починати. Повеќето се со слаб имунитет и се е генетика. Имаме починати неделава четворица од исто семејство. Тие се заразиле на свадба и за жал починаа. Лицата се од една фамилија, живееле во две куќи една до друга и постојано биле во контакт. Кога се зема целата фамилијарна анамнеза, се гледа дека имаат наследни болести и слаба генетика. Имаме и семејства каде имале многу тешка клиничка слика па излегле со добри резултати од болница. Граѓаните не се чуваат, имаат слаб имунитет и повеќето се невакцинирани. Седат во групи, не носат маски, а не се вакцинирани, изјави доктор Миранда Пајазити.
Сите четворица пациенти биле од исто семејство и според епидемиолошката анкета дале податок дека присуствувале на свадбена прослава, а починале во период од една седмица.
Ново на Сител
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите