Четири лица повредени во 11 собраќајки во Скопје
Четири лица се здобиле со телесни повреди во 11 сообраќајни незгоди кои се случиле вчера на подрачјето на Град Скопје. Од нив шест со последици материјална штета, во кои со полесни повреди се здобиле осум лица.
Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, во една незгода во автобус едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а еден патник со полесни повреди.
Сообраќајната полиција, санкционирала седум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца кои не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, исто толку возачи поминале на црвено светло на семафорот, 11 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани. Санкционирани се 17 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се 16 возила.
Во рамките на превентивните активности денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе одржи едукативна работилница во автобус на ЈСП со учениците од III одделение од О.У„ Његош“ општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра