Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането

По спроведена истражна постапка и испитување на сите околности, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднел обвиненија против вкупно четири лица за инцидентот што се случи на 14.10.2024 година во близина на зградата на Општина Чаир, кога при пукање со пиштол беше повредено едно лице.
Како што соопштија денеска од Јавното обвинитеслтво на РСМ, првообвинетиот се товари за тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, второобвинетиот за предизвикување општа опасност од член 288 став 1 и учество во тепачка од член 132 став 1, додека двајцата останати за кривично дело учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.
-Обезбедениот доказен материјал упатува на дејствијата на секој од обвинетите поединечно, при што првообвинетиот при тепачка неконтролирано испукал еден куршум со пиштол и нанел тешка телесна повреда – огнострелна рана во левата потколеница кај оштетениот, кој пак на обвинетиот му нанел расекотина во главата со остар предмет. Останатите тројца обвинети претходно ја започнале вербалната расправија и тепачка со оштетениот. Во текот на целиот инцидент и второобвинетиот неконтролирано замавнувал со пиштол и испукал еден куршум во непознат правец, предизвикувајќи со тоа значителна опасност по животот и телото на луѓето, се појаснува во соопштението.
Првообвинетиот во времето на извршување на кривичното дело бил осудено лице кое користело поволности во установата каде ја извршува казната, па од тие причини, се додава во соопштението, уште при поведувањето на истрагата јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор. Со поднесувањето на обвинението предложено е продолжување на притворската мерка.
Ново на Сител
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
