Четворица повредени во две сообраќајки во тетовско

Четворица повредени и вкупнa материјална штета од околу 160 илјади денари се последиците од две сообраќајни несреќи што се случиле синоќа на патиштата во тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци во сообраќајката што вчеравечер околу 22 часот се случила на регионалниот пат Тетово-Пирок во месноста „Палчишка тумба“ учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистерски таблици, „голф“ управуван од Б.И.(20) од Боговиње и „БМВ“ што го управувал Е.Џ.(24) од истото село.
- Во несреќата двајцата возачи и сопатникот од „Голфот“ С.М.(19) од гостиварски Градец задобиле телесни повреди со други возила биле пренесени во тетовската клиничка болница, и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Полицијата извршила увид и според првичните сознанија причина за несреќата е недржење страна додека вкупната материјална штета се проценува на 100.000 денари, рече Јосифовски.
Втората сообраќајка се случила на булеварот „Илинденска“ во Тетово исто така вчеравечер, но еден час подоцна околу 23 часот. Тогаш патничко возило „БМВ“ со тетовски регистерски таблици управувано од Л.С.(20) загубило контрола излетало од коловозот и удрило во метален електричен столб од улично осветлување.
Од излетувањето и удирањето возачот се здобил телесни повреди со друго возило бил пренесен во тетовската болница, и по укажаната лекарска помош бил пуштен дома. Причина за излетувањето првично според полицискиот увид била неприлагодена брзина односно пребрзо возење а вкупната материјална штета се проценува на 60 илјади денари
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
