Македонија
14. July 2024 - 21:22

Четворицата тинејџери во стабилна состојба - сопственикот на куќата во притвор

Четворицата малолетници се во стабилна состојба. Од Клиниката за Токсикологија за Сител информираат дека нивните клинички и лабораториски параметри се стабилни. Утре по визитата ќе се знае кога ќе бидат пуштени на домашно лекување.

40-годишникот кој беше приведен два часа по првичниот инцидент заработи 30-дневен притвор по сите основи.

Вчера попладне Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи соопштија детали за тоа што точно се случувало во куќата во Козле каде четворицата тинејџери на возраст од 15 до 17 години беа пронајдени во безсознание.

Во куќата пристигнале уште во четвртокот вечерта. Едниот од нив често престојувал во куќата бидејќи 40-годишниот сопственик бил во пријателска врска со негов роднина. Им понудил алкохолни пијалаци, а потоа и три медикаменти, дијазепам и два лека за епилепсија и антидепресив за да имаат „подобро расположение“.

ГИ довел во полусвесна состојба, со неконтролирано однесување. Почнале да го кршат инвентарот во дневната соба и така се здобиле со повреди по телото.

Полицијата ги пронашла утредента попладнето во безсознание и со сериозно влошена здравствена состојба. 40-годишникот иако ги затекнал децата во дневната соба со сериозно влошена здравствена состојба ги оставил без помош.

Јавното обвинителство сега го гони 40-годишниот Д.Ѓ. за Тешки дела против здравјето на луѓето и Излагање на опасност за што е предвидена казна затвор од една до 10 години за едното дело и од три месеци до три години за второто дело.