Чибишев: Денот кога се случи трагедијата во „Пулс“ и наредните 30-ина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера

Денеска се навршува една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која згаснаа многу млади животи, а голем број присутни таму таа вечер беа повредени. Тој и наредните триесетина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера - објави на својот фејсбук-профил проф. д-р Андон Чибишев.
На Универзитетската клиника за токсикологија, посочува докторот, беа хоспитализирани дваесетина тешки пациенти поради акутно труење со отровни гасови, а во периодот што следуваше поминаа и голем број пациенти кои таа вечер биле присутни во дискотеката.
Тој наведува дека со крајно професионална, стручна и посветена работа и грижа целокупниот персонал на Клиниката успеа да ги стабилизира овие млади пациенти и тие сите денес се со своите семејства.
„Упатувам искрена благодарност до целокупниот персонал на Универзитетската клиника за токсикологија и сите сродни клиники и институции, кои во тој тежок период ни даваа логистика и несебична помош во справување со оваа трагична ситуација. Бог да ги прости сите што ги изгубија животите. Господ да им даде сила на сите што изгубија блиски во несреќата да продолжат понатаму. Никогаш повеќе да не се повтори“, наведува Чибишев.
МИА
Ново на Сител
-

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
-

Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата - оштетени јавни објекти и инфраструктура
-

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“
-

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп - Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“
-

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка
