Чистач во бегалски камп во Турција осуден за сексуална злоупотреба на деца
Еден турски државјанин, вработен како чистач во бегалскиот камп Низип, во близина на градот Газиантеп во јужна Турција, е осуден на 108 години затвор, поради сексуална злоупотреба на деца.
Како што објавија турските медиуми, 29-годишниот чистач се товари дека на деца-бегалци од Сирија им плаќал по две до пет турски лири (0.7 до 1,7 долари) за да имаат сексуален однос со него во тоалетите во кампот. Жртвите биле момчиња на возраст од осум до 12 години.
Осомничениот не ги негирал наводите во обвинителниот акт.
Тој бил приведен откако родители на осум деца-жртви го пријавиле случајот.
Турските медиуми наведуваат дека бројот на децата кои сексуално ги злоупотребил обвинетиот најверијатно е многу поголем, но голем дел од нивните родители не сакале да го пријават, стравувајќи дека би можеле да бидат депортирани назад во Сирија.
Во Турција престојуваат над 2,7 милиони сириски бегалци, од кои околу 14.000 се сместени во кампот Низип.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата