Македонија
18. March 2025 - 20:36

Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани

Чистка во полицијата на истокот по трагедијата во кочанскиот клуб Пулс. Министерот за внатрешни работи ги разреши сите началници и командири во штипската и кочанската полиција.

Тошковски вели дека внатрешна контрола на МВР дополнително ќе го испитува постапување на сите полициски службеници и евентуални пропусти ќе повлечат и соодветна одговорност.

Во насока на расветлување на причините за трагедијата, министерот вели дека се извршени неколку десетици претреси а над 70 лица се повикани на разговор во полициска станица.  Меѓу приведените од вчера е и лицето кое го изработило проектот врз основа на кој кабарето Пулс аплицирало за лиценцата за работа.

Тошковски ја потврди информацијата дека спроти кабарето постоел резервоар за нафта сопственост на комапнија која нема никаква поврзаност со сопствениците на Пулс. Според првичниот увид на МВР во време на пожарот резервоарот за нафта бил празен.