Членови на УПОЗ на протест
Членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) денеска ќе одржат мирен протест пред Министерството за финансии (МФ) поради времената мерка на Уставниот суд за зголемувањето на платите за 30 отсто на вработени во МФ и органи на државна управа кои вршат работи поврзани со Буџетот.
УПОЗ најави дека ќе протестираат нивни членови од Министерството за финансии, Управата за имотно-правни работи и Бирото за јавни набавки и оти ќе биде искажан револт од донесената времена мерка на Уставниот суд, со која се замрзна исплатата на надополнувањето на основната плата за 30 проценти на вработените во Министерството за финансии и вработените во другите органи на управата, кои се опфатени со автентичното толкување.
Уставниот суд на седница на 5. месецов поведе постапка за преиспитување на уставноста на членот 66 став 3 од Законот за буџети, со кој се овозможи покачување за 30 отсто на платите на вработените во Министерството во финансии и органи на државна управа кои вршат работи поврзани со Буџетот.
Како што информираа од Уставен суд, донесена е времена мерка до конечна одлука, што значи додека Судот конечно не е произнесен.
Подносителот на иницијативите Mирослав Драганов ги оспорува автентичното толкување на членот 66 став 3 од Законот за буџети и член 66 став 3 од Законот за буџети.
Според подносителот на иницијативата не е јасно кои вработени имаат право на дополнување на основната плата од 30 отсто, кои биле работните места со соодветни специфики и посебни одговорности и врз основа на што се определуваат овие места и кој ќе ги определува. Наведено е дека со самата законска одредба се воведува основ за арбитрерно постапување на органот на државната управа при определување кој има право на пропишаниот додаток.
Во иницијативата има наводи дека вработените во Министерството за финансии кои вршат специфични работни задачи и имаат посебна одговорност се доведуваат во неосновано привилигирана положба во однос на граѓаните кои се вработени во други органи на државната управа и вршат специфични задачи и имаат посебна одговорност, со што се ставаат во нерамноправна положба.
Според подносителот, со автентичното толкување, Собранието постапило спротивно на Уставот и на Деловникот бидејќи во постапката за давање автентично толкување на член 66 став 3 од Законот за буџети ја изменило толкуваната одредба со воведување на нови елементи и како последница на тоа била изменета и дополнета законската одредба спротивно на постапката за донесување на закони.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец