Човечки коски најдени во пештера на Сува Гора

Спелеолози во истражување на пештера на планината Сува Гора, во атарот на селото Корита, наишле на човечки коски, дел од активирана граната за рачен фрлач, ловечка пушка и повеќе парчиња облека. Пронајдените работи се дадени на вештачење, по што ќе биде познато од кое време потекнуваат и како остатоците се нашле на тоа место.
Претседателот на спелеолошкиот клуб Кораби пријавил дека претходниот ден додека истражувале пештера (на околу 20 метри длабочина) на место викано Чавкарник во село Корито, забележале остатоци од неколку черепи и една неексплодирана граната, информираат од МВР.
По увидот на дното на пештерата, на длабочина од околу 30 метри биле пронајдени и извадени дел од активирана граната од рачен фрлач, делови од човечки труп, еден долен дел од обувка, еден дел од реденик за куршуми, две чаури од патрони од ловечка пушка, повеќе парчиња облека и една запалка. Пронајдените предмети се фотографирани и доставени за вештачење.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
