Човекот кој исчезна пред 2 дена пронајден жив во бунар на -20

Јездимир Милиќ од село Смољинац кој исчезнал во петокот на Бадник пронајден е вчера околу 13 часот во бунар на периферијата на селото.
Неговиот сосед Горан Марковиќ, го пронашол Јездимир промрзнат во бунар на периферијата на селото. Јездимир поминал околу два часа во бунар длабок 5 метри, на температура од -20 степени Целзиусови без храна и вода.
Јездимир Милиќ излегол од семејната куќа околу 10 часот во петокот на 6. јануари со немера да оди до продавница за да купи намирници за Божиќ. Меѓутоа Јездимир не се вратил до доцните часови.
Неговото исчезнување е пријавено следниот ден во сабота на 7 јануари. По пријавата за исчезнувањето, полицијата започна потрага, но тој ден не е пронајден.
Во неделата на 8 јануари полицијата ја продолжи истрагата и изврши обиколк на сите патуишта и улици и викендички во населбата Смољинац.
Околу 13 часот соседот на Језимир, Горан Марковиќ дошол до бунарот покрај кој стоела торбата со продукти и од кој се слушале лелеците на Јездимир кој барал помош. Марковиќ веднаш отишол до ветеринарната станица и со ветеринарот повикал полиција. Со полицијата која во најкраток можен рок пристигнала до центарот на селото заминал кон бунарот во кој се наоѓал Јездимир кој се жалел на болки во стомакот. Набрзо пристигнале и пожарникарите кои го извлекле несреќниот човек од бунарот.
Јездимир итно е префрлен во болницата во Пожаревац каде му е дијагностицирано хипотермија.
Според Марковиќ, Јездимир имал слаб вид и не бил скаран со никој од селаните, па не се сомнева дека е турнат во бунарот, туку дека сам паднал поради тоа што не гледал добро.
Ново на Сител
-

Голема акција на МВР во поранешната фабрика ОХИС во врска со пронајдените 5 тони марихуана
-

Мицкоски: „Безбеден град“ дава резултати – сообраќајките преполовени, прекршоците под 500 дневно
-

Словенечката влада усвои рамка за ограничување на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот


