Чудо: Падна авион, се преврте наопаку, а пилотот излезе без повреди

Земјоделски авион со кој управувал Радован Шегрт (65) од Нови Сад се урна вчера околу 13 часот во Апатин во текот на прскањето на пченицата. Пилотот за среќа не е повреден, а причината за падот на авионот, сопственост на Авио клубот од Зрењанин, е расипаниот мотор.
Според зборовите на пилотот Радован Шегрт, несреќата се случила пред самиот крај на авио-третманот. Иако свртен наопку, со полесни повреди на раката и вратот, Шегрт успеал да го напушти леталото и да го сочека доаѓањето на брза та помош.
Пилотот вели дека во текот на својата долгогодишна кариера имал неколку помали инциденти, и дека е многу среќен што во оваа несреќа успеал да го избегне влетувањето во шумата што верува дека не би можел да го преживее.
-На самата парцели која ја третиравме има парче шума која мора да се надлетува за да се направи прскањето, Во последниот налет, кога почнав да го кревам леталото, дојде до гасење на моторот. Наместо да влетам во крошна успеав авионот да го насочам на соседната нива, но по избегнувањето на стаблата и каналот едно од тркалата влета во мекото тло што предизвика превртеување, вели Шегрт и додава дека леталото паѓало со брзина од 100 км/ч.
Ново на Сител
-

Системската корупција и нејзиното влијание врз евроинтеграцииете низ очите на млад истажувач
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција „Сите за правично судење“
-

Политичка пресметка за РКЕ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во судир за Ацо Ристов
-

Собрание избра: Ненад Савески е нов државен обвинител
-

Поднесени 27 амандмани за законот за јавно обвинителство
-

Полицајците во контрола на Пулс, се воделе од препишан план
-

Една година затвор за насилникот што ја претепа бремената партнерка до онесвестување и ја будеше со вода за да продолжи
-

Превозот останува со иста цена, поскапеа маслото за јадење и јајцата
