Чулев: СВР Скопје постапи по објавеното видео „Организиран поткуп на гласачи од структури на МВР и пратеници од СДСМ”
СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во координација со ОЈО, го идентификуваше лицето од објавеното видео со наслов „Организиран поткуп на гласачи од структури на МВР и пратеници од СДСМ”. Утврдено е дека се работи за лицето Ш.Е. од Скопје, вработен во Одделението за управни служби во МВР, напиша министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук.
– На подрачјето на Општина Шуто Оризари во непосредна близина на општината тој врши соодветна активност со група граѓани од ромска националност, објави министерот за постапувањето на СВР Скопје врз основа на објавеното видео, нагласувајќи дека МВР презема соодветни мерки за откривање и санкционирање на сите форми на изборен поткуп и притисок врз гласачите.
Како што наведува Чулев во објавата, полицајци од СВР Скопје извршиле разговор со Ш.Е. и извршен е претрес во неговиот дом поради пронаоѓање докази предмет на кривично дело од чл.162 „поткуп при избори и гласање“.
– При извршениот претрес не се пронајдени предмети по основ на кривично дело по чл.162, но од страна на друго лице, А.В., којшто исто така е на видеото, приложен е список од околу 20 лица со име презиме, матичен број адреса и телефонски броеви рачно пишувани на обични листови од училишни тетратки. Согласно информациите добиени од страна на СВР Скопје, лицето Ш.С. дало известување дека пред да биде вработен во МВР бил активист на невладина организација којашто во рамките на Владата имала проект за донации на граѓани од ромска припадност кои што се од загрозена група граѓани и за таа цел наводно правел список со цел да биде дадена донација, пишува во објавата на министерот.
Секторот за внатрешни работи од Скопје во координација со ОЈО ќе продолжи со преземање натамошни мерки и активности во насока на целосно документирање на наводите и доказите на кривично-правниот настан, додава Чулев, и по нивно исцрпување ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Скопје.
– Парламентарните избори кои следуваат е неопходно да бидат фер и демократски. Во таа насока Министерството за внатрешни работи во претстојниот период ќе ги засили своите активностите со кои ќе се спречат сите форми на изборен поткуп и притисок врз гласачите. Воедно во соработка со Држаната изборна комисија заеднички работиме на подготовка на соодветен едукативен материјал преку кои граѓаните ќе се информираат за санкциите кои се предвидени за прекршување на законот и изборни нерегуларности, напиша министерот Чулев на Фејсбук.
Ново на Сител
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
