Чувал рачна бомба, делови од автоматски и полуавтоматски пушки во викендица во с. Јаболце
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 30-годишно лице од скопското село Љубин за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот, во неговата викенд куќа во селото Јаболце, држел експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба од непозната марка и модел. Освен ова, кај него биле пронајдени и делови од огнени оружја – рамки за автоматски и полуавтоматски пушки, како и седум испукани чаури низ дворот на оградената викендица.
„Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
