Ципрас бара инвестиции како решение за олеснување на грчкиот долг
Грчкиот премиер Алексис Ципрас бара од европските кредитори да донесат одлуки, со кои ќе се зголеми довербата на инвеститорите кон економијата на земјата, јави ДПА, која се осврнува на денешната изјава на Ципрас од европската средба организирана во Атина од фондацијата „Кондордија“.
Ципрас смета дека само на таков начин е можно да бидат надминати несогласувањата меѓу Меѓународниот монетарен фонд и земјите од еврозоната.
- Европа треба да имплементира конкретни инвестициски програми во Грција, кои ќе создадат работни места и во пракса ќе се надминат разликите, нагласи тој.
Грчкиот премиер смета дека ако Европејците се ангажираат со инвестиции во Грција, тогаш може да ги надмине несогласувањата со ММФ за нејзиниот долг.
ДПА цитира аналитичари, кои се запознати со ситуацијата во Атина, кои овие зборови на Ципрас ги толкуваат како решение за олеснување на грчкиот долг.
Грција во јули има итна потреба од свежи пари во рамки на тековниот спасувачки пакет за враќање на нејзините стари долгови.
Еврогрупата ќе заседава за ова прашање на 15 јуни.
Ново на Сител
-
Евростат: Цените во Европа паѓаат
-
Батлер кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт
-
Колумбискиот претседател вели дека кокаинот „не е полош од виски“
-
Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини
-
Во Србија повикуваат на нов петдневен бојкот на трговските синџири, некои ги зголемија цените дополнително
-
Дојави за бомби во училишта во Загреб
-
Министерот Муцунски во посета на Австралија
-
Без струја делови од Карпош, Чаир, Чучер Сандево и Аеродром