Ципрас: Договорот од Преспа дава нова перспектива за целиот регион

Пред една година можеби беше незамисливо дека ќе се постигне, но сега историскиот Договор од Преспа е факт и дава нова перспектива за регионот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас по завршувањето на квадрилатералната средба во Солун, со премиерите на Бугарија и Романија и претседателот на Србија.
Говорејќи за регионот Ципрас се наврати неколку години претходно, направи споредба на ситуацијата тогаш и сега, рече дека во изминатата година „речиси никој не очекувал дека ќе се сменат толку работи“, а како позитивни разврски ги спомена и договорите на Македонија со Бугарија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина, .
- Оваа година, го имавме и историскиот Договор од Преспа, кој пред една година, можеби се чинеше незамисливо дека ќе се постигне. Но, веќе е факт и ја поставува основата за решавање на едно особено важно прашање, давајќи нова перспектива за целиот наш регион, рече Ципрас.
Во однос на иднината на регионот, грчкиот премиер истакна дека Балканот има динамична иднина, доволно е да постои визија, верба, но и смелост.
Сметам дека пред нас имаме динамична иднина за Балканот, доволно е да имаме визија и верба во нашите сили, визија за нашиот регион и понекогаш да бидеме смели. Да бидеме смели да направиме чекори напред, дури и да треба многу пати овие чекори да бидат спротивни на нормалниот тек. Но, со овие чекори само можеме да ги поставиме основите на европскиот Балкан, за демократскиот Балкан, што нема да биде измачуван од секаков вид на национализам, фобија, интроверзија или инерција, туку ќе биде цврсто ориентиран кон заеднички развој и соработка, рече Ципрас.
Ново на Сител
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
-

18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
-

Екс директорот на Геријатрија идната недела ќе ја слушне пресудата за примање поткуп
-

Неизвесно е воведувањето на системот „Safe city“ од 1 февруари
-

Азир Алиу - законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски
-

Уапсен напаѓачот на бугарската амбасада
