Ципрас ја повика Турција да ја изостави агресивната реторика

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја повика Турција да ја изостави агресивната политика и да пристапи сериозно и одговорно кон преговорите за решавање на кипарското прашање, пишува весникот „Нафтемборики“.
- Без да сме прекумерни оптимисти, разумно и одговорно продолжуваме да работиме интензивирано за решавање на кипарското прашање, рече Ципрас во Парламентот.
Тој нагласи дека претпоставка за успех на тој процест е Турција да пристапи кон преговорите за Кипар со позитивен дух и да ја остави настрана агресивната реторика.
- Женевската конференција продолжува на експертско, дипломатско ниво. Владата на Грција продолжува да соработува со Владата на Кипар и претседателот Никос Анастасиадис во рамки на интензивните напори преземени од нив, за да се пронајде праведно и суштинско решение на проблемот, без гаранции и преку повлекување на турските војски од островот, рече Ципрас.
Тој напомена дека првпат на тие преговори меѓу двете заедници на островот биле разменети мапи со територијални обележја, иако несогласувањата меѓу нив остануваат.
Ципрас го означи како голем дипломатски успех тоа што на дневен ред на преговорите била поставени прашања за гаранциите и безбедноста на Кипар.
Ново на Сител
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
