Ципрас се сретна во американскиот потпретседател Пенс
Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска во Белата куќа се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас со кого разговараа за повеќе прашања.
Како што соопшти кабинетот на Пенс, двајцата лидери ги истакнале силните и трајни врски меѓу САД и Грција, а американскиот претседател исто така му честитал на Ципрас за враќањето на Грција на економскиот раст и на финансиските пазари. Тој исто така ги охрабрил понатамошните реформи за поттикнување инвестиции и ја потврдил поддршката на САД за олеснување на долгот.
- Лидерите изразија желба да ја продлабочат соработката во економската и безбедносната сфера, вклучувајќи ја и посетата на делегација на високо ниво на Меѓународниот саем во Солун во 2018 година, каде што САД ќе бидат почесена земја, се вели во соопштението.
Пенс исто така изразил благодарност за улогата на Грција како столб на стабилност во регионот, а двајцата функционери ја потврдиле и својата поддршка за евроатлантската интеграција на Турција и земјите од Западен Балкан.
Американскиот потпретседател исто така ја истакнал континуираната поддршка на САД за сеопфатно решение за повторно обединување на Кипар како „бизонална, федерација на две заедници“ и ја поздрави зголемената соработка на Грција со Израел, Кипар и Египет во источниот Медитеран.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино