Македонија
7. October 2018 - 8:43

Црквата ја слави оваа девојка, богата со добродетели и како рамноапостолна Текла

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 септември.

Денеска е Св. првомаченичка, рамноапостолна Текла.

Родена е во Иконија, Мала Азија, од незнабожечки родители. Современичка е на апостолите. Значи живеела во опрвиот век по Христа. Исто така, таа е една од првите што пострадаа за Христа, па црквата ја дала славата на првомачениците, што ја има. Пострадала бегајќи од некои дрски момчиња кои биле наведени од лекарите и бајачите да ја осквернат оваа девственица по дух и тело. Црквата ја слави оваа девојка, богата со добродетели и како рамноапостолна. Но нејзината биографија се вели дека откако долго се подвизуваше и се излечи самата себе си, ги лечеше и немоќните на другите, на тој начин проповедувајќи го Христа и многумина обрати во христијанството, што е во прв ред апостолска служба.