Црна Гора: Туристите кои ќе се заразат со коронавирус ќе се лекуваат на сметка на државата
Во пресрет на туристичката сезона во Црна Гора, се финализираат здравствените протоколи, а Владата донесе одлука да им обезбеди на странските туристи кои за време на престојот во земјата ќе се заразат со коронавирус, да се лекуваат на сметка на државата.
Црногорскиот министер за економски развој Јаков Милатовиќ на прес-конференција рече дека здравствените протоколи следната недела ќе бидат дистрибуирани до туристичкиот сектор и амбасадите и ќе бидат на англиски и руски јазик.
Министерката за здравство на Црна Гора Јелена Боровиниќ Бојовиќ, рече дека се обиделе да го поедностават протоколот и оти на туристите ќе им биде објаснето како да се однесуваат ако почувствуваат симптоми на Ковид-19 или се заразат со Ковид-19, пренесува „Вијести“.
– Владата донесе одлука туристите кои ќе се разболат од Ковид-19 за време на престојот во Црна Гора и ќе бидат хоспитализирани да бидат лекувани на сметка на државата, рече таа.
ПЦР тестирањето доколку им е потребно на туристите при враќање во нивната земја, ќе се врши непречено на два начини – едниот ќе биде организиран со помош на Институтот за јавно здравје на Црна Гора и ќе се изведува бесплатно, а туристите ќе можат да прават тестови и во приватни лаборатории.
Сите хотелиери ќе одвојат 10 проценти од капацитетот за можни случаи на Ковид-19, најави Боровиниќ Бојовиќ.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип