Црна Гора вакцинираше скоро една четвртина од своето население
Во Црна Гора до денеска се искористени 148.255 дози вакцини против коронавирусот, што значи дека близу една четвртина од населението во земјата е вакцинирано, соопшти црногорското Министерство за здравство.
Како што се наведува, околу 113,5 илјади граѓани примиле прва доза од вакцината, додека скоро 35 илјади Црногорци биле целосно имунизирани.
– Црна Гора вакцинираше поголем процент од своето население отколку Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово кога станува збор за земјите од регионот и Бугарија како земја-членка на ЕУ, но и повеќе од Украина и Молдавија, се вели во соопштението.
Црна Гора првично доцнеше со набавка на вакцини за своите граѓани, па првите дози на руската вакцина Спутник В ги доби на крајот на февруари како донација од Србија, а подоцна и други 50.000 дози вакцини на Синофарм од Кина и 24.000 дози на Астра Зенека во април кои Црна Гора ги доби преку програмата Ковакс од ЕУ.
Во втората половина на април, Црна Гора речиси го нормализира животот со ублажување на скоро сите епидемиолошки мерки, додека на почетокот на мај го укина полицискиот час. Сепак, носењето маски на отворено и во затворен простор е сè уште обврска за сите Црногорци постари од пет години.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
